Ја киднапирал и со денови ја малтретирал - радовишанка едвај се спасила од канџите на поранешното момче

 

Штипјанец си ја грабнал и малтретирал поранешната девојка. Според податоците од полицијата, се работи за 35-годишниот М.И. од Штип кој ја грабнал 21-годишната Н.И. од Радовиш, за време на Струмичкиот карневал, откако таа седнала во дворот од семејната куќа. 

Бесниот штипјанец на поранешната девојка и пришол од зад грб, ја фатил за уста и ја качил во комбе, по што изгубила свест, а откако се разбудила се нашла во хотел, а потоа штипјанецот ја повикал и неговата мајка и сите заминале во Скопје.

Следниот ден Н.И. ја однеле во Битола, во село каде останале неколку дена во куќа, потоа се вратиле во Штип, и заминале во село на Планината Плачковица, за да повторно се вратат во Штип, на ул.„Карл Маркс“ каде и останале да престојуваат, по што за цело време М.И. и упатувал сериозни закани по нејзиниот живот.

За среќа, таткото на киднапираната девојка ја пронашол вчера жива и здрава.

30.03.2014 - 12:04
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега