ВИДЕО: Полицијата откри шестчлена група која криумчарела мигранти од Грција
Полицијата приведе шестчлена група, која преку организиран меѓународен канал подолг временски период вршела криумчарење мигранти од соседна Грција преку Македонија кон Србија. За ова денеска информираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Организатор на групата бил 38-годишниот У.В. од Кавадарвци, кој заедно со 26-годишниот Р.Р.М., државјанин на Пакистан, барател на азил во Македонија со престојувалиште во Центарот за баратели на азил во Скопје работеле на криумчарењето на илегалните мигранти: - Тие со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна корист ја организирале криминална група, која подолг временски период се занимавала со криумчарење на мигранти од Грција во Македонија, организирале нивно прифаќање во Гевгелија и потоа превезување до Скопје и Куманово. Мигрантите по потекло биле од Сирија, Авганистан, Пакистан, Судан и други земји од Блискиот и Далечниот исток. Лицата престојувале во Грција по основ на бегалци и баратели на азил, а од Грција, илегално биле криумчарени на територијата на Република Македонија, со цел нивно натамошно криумчарење на територијата на Србија, истакна Јанкулоска.
Тие злоупотребувајќи ја службената положба, на организиран начин, преку илегални премини овозможувал безбедно криумчарење на мигрантите од Грција во Македонија. За потребите на криминалната група вршел извидување на теренот и определување на „безбедни термини, временски период и место“ од каде што во координација со останатите членови на група вршеле прифаќање и натамошно превезување на мигрантите со патничко моторно возило.
Останатите членови на криминалната група С.Б. (39), М.Ф. (38) и А.К. (22), сите од Кавадарци, вршеле транспорт на мигрантите, по претходни упатства и насоки давани од организаторот У.В.
- Вчера во раните утрински часови во близина на наплатната рампа во Велес, двете возила биле запрени од страна на полициски службеници, при што помеѓу деветте идентификувани мигранти од Авганистан, според првичните лични податоци, кои се дадени од страна на лицата идентификувани се и три деца на возраст од 10, 16 и 17 години. Од членовите на криминалната група со потврда, привремено се одземени три патнички моторни возила, телефонски апарати и СИМ картички за кои постојат основи за сомневања дека се предмет на кривично дело, информира Јанкулоска.
Во текот на денот, како што истакна, бил извршен претрес на домови на две локации во Кавадарци, по што до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, е поднесена кривична пријава за шестмината осомничени. Оод страна на судија им е изречена мерка притвор.
ВИДЕО:МВР
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа