Ужас во Кичево: Монструми обесиле мачка па се пофалиле на Фејсбук

 

Монструми од Кичево ја згрозија Македонија. Се работи за две лица, М.В. и Д.Ц. од Кичево кои обесиле мачка, а потоа се фотографирале до неа, па фотографијата ја објавиле на социјалната мрежа Фејсбук.

Ккао што пренесува Анима Мунди, на фотографијата јасно се гледа ликот на сторителите кои гордо позираат покрај својата жртва – бела преубава мачка, која виси обесена . Монструмите на мачката и ставиле коноп околу вратот, ја мачеле, изложиле на страв и страдање, па ја обесиле. Трето лице го фотографирало и овековечило овој грозен  момент во кој и тројцата уживале.

Од Анима Мунди бараат овие насилници кои се изживувале врз животното да бидат казнети за грозното дело кое го направиле.

31.03.2014 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега