Заработил 1,3 милиони долари, лежејќи во затвор
Раперот Радрик Дејвис, познат како "Gucci Mane", минатата година заработи 1,3 милиони долари. Секако, тоа не би било ништо невообичаено за еден музичар, доколку не беше познат фактот дека оваа заработка тој ја оствари додека лежеше во затвор. Со ова тој ги сруши сите верувања дека еден човек додека е во затвор неможе да заработува и дека животот за него тука престанува.
Овој неверојатен успех Дејвис го постигна објавувајќи нови песни и тоа со посредство на продуцентот Роналд Росарио, кој воедно е и задолжен за грижата за неговите финансии.
Токму Росарио неодамна откри дека раперот однапред веќе има подготвено поголем број на нови песни.
"Би можеле да издаваме по три албуми годишно во следните три години", вели Росарио.
Само како потсетување, Дејвис беше уапсен минатата година поради поседување на оружје, а доколку биде осуден, на музичарот му се заканува затворска казна од неколку години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа