Миранда Кер откри: Сакам и мажи и жени
Триесетгодишниот модел Миранда Кер и нејзиниот сопруг Орландо Блум пред неполни шест месеци го најавија нивниот развод, па Миранда реши да ја истражува својата бисексуалност.
"Сакам и мажи и жени. Сакам да истражувам. Никогаш не вели никогаш, вели Миранда за магазинот ГК.
Се шират гласини дека познатиот модел од редовите на Викторија Сикрет Миранда Кер е во врска со медиумскиот магнат Џејмс Пакер, а неодамна Миранда на Instagram објави Selfi со нејзина пријателка Софија за која вели дека е најслаткиот овен.Во меѓувреме 37- годишниот глумец изјави дека се уште е заљубен во својата поранешна сопруга.
"Постои голема љубов меѓу нас. До крајот на животот ние ќе бидеме заедно бидејќи нас не спојува нашиот син и многу е важно да се почитуваме еден спрема друг и тоа Флин да го осети” вели Блум и додава дека пред да се роди Флин живеел развртнички живот но по неговото раѓање неговиот живот добил смисла и тој сака да биде засекогаш во животот на неговиот син.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа