Дајте ни 3.000 евра и ќе ве вработиме - измамени кумановчани останале и без работа и без пари

 

Итри кумановчани мамеле граѓани дека ќе ги вработат,а потоа измамените останувале и без работа и без пари.

Според информациите од полицијата, се работи за 64-годишниот В.М. и 55-годишниот О.Ј. кои излажале две лица дека ќеги вработат во фирмата „Линеа Комерц“-Куманово во редовен  работен однос од најмалку пет години, а како гаранција секоја требало да подигне кредит во износ од по 3.000 евра.

Откако сфатиле дека нема да добијат работа и покрај парите кои ги дале, оштетените го пријавиле случајот во полиција.

 

31.03.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега