Поранешниот на Северина: Кој ми го чува детето додека таа е на ревија

 

Приказната на кралот на бакарот Милан и пејачката северина нема крај. Иако пред некој ден заврши судењето за старателството над синот Александар, Милан и понатаму не може да го посети својот син кога ќе посака.

- Мајка ми не го видела внукот од јуни минатата година, а тука сите желно го очекуваат. Најмногу ме лути што Северина е во Белград на недела на модата, а јас не знам кој е со мојот син за тоа време – рече Милан

Исто така Милан  додаде дека Северина не сака да разговара со него околу тоа со кого и каде го остава Александар.

Судот пресуди алиментацијата да биде во висина од 2.000 евра но на Северина тоа не и се допаѓа бидејќи синот и таткото треба да бидат во иста финасика имотна состојба, но за ова бизнисменот вели дека тие никогаш не биле во брак и дека вакво право да бара нема.

- Ние не живеевме во брачна заедница, повеќе бевме во љубовна врска. Повремено се гледавме. Дај Боже Северина да најде некој. Ако таа биде среќна, на сите ќе ни биде полесно – вели Милан.

31.03.2014 - 15:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега