Зголемен бројот на индустриски работници
Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на работниците во индустријата во февруари 2014 година е зголемен за 6,8 отсто во однос на истиот месец минатата година.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 0,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 8,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7 отсто, а sпоред главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 отсто, Капитални производи за 75,4, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто, додека опаѓање има кај Енергија за 1,8 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа