Бизнисмен му понуди милион долари на српски пејач за да се ожени со неговата ќерка
Познатиот српски пејач Бојан Бјелиќ после својот настап во клубот Зум во Торото, добил невообичаена понуда од таткото на една своја обожавателка да се ожени за неговата ќерка.
Извори блиски на бизнисменот тврдат дека еден од најбогатите луѓе во Србија се сретнал со Бјелиќ на ручек и му го претставил својот план.
- Еден од најбогатите луѓе кои живеат во Канада, по потекло од Србија, сакаше да и ја исполни желбата на својата единствена ќерка, па преку сопственикот на клубот закажал ручек со Бојан – вели изворот и продолжува:
-Бизнисменот наводно му понудил на Бојан да се ожени со неговата ќерка која со години го обожава, а за возврат на сметката на Бојан би легнала одредена сума пари, плус би станал сопственик на 30 % од акциите на неговата компанија. Пејачот би добил скоро милион долари, вели изворот.
Бојан не сакаше да одрече, ниту ја потврди оваа вест.
-Во шок сум и не сакам да давам изјави додека не дојдам при себе. Следната недела се враќам во Белград, па ќе се слушнеме, рекол тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа