Ким Катрал: Ликот на Саманта Џонс многу влијаеше на мојот приватен живот
Во текот на цели шест сезони, неуморната Ким Катрал совршено го доловуваше ликот на Саманта Џонс обожувана меѓу многумина. По завршувањето на серијата, таа заедно со останатите девојки сними две продолженија на филмот „Сексот и градот“ што доживеаја навистина голем успех.
„Познатата Рита Хејворт еднаш изјави дека нејзините љубовници често наутро се разочаруваат кога ќе сфатат дека ноќта ја поминале со обична жена, која не личи на онаа од филмското платно. Тоа ми беше толку смешно, додека и самата не доживеав слична судбина“, вели Картал, која повеќе пати во интервјуата призна дека за разлика од Саманта, таа и не е некој експерт за секс.
Ким вели дека и било потребно доста време да ги постави работите на свое место и да се избори со фактот што многу мажи ја поистоветуваат со ликот од серијата.
„Конечно го решив и тој проблем. Ми успеа тогаш кога сфатив дека покрај себе морам да имам партнер со кој ќе бидам среќна таква каква што сум, а таква личност не сум имала долго во мојот живот“, раскажува актерката.
Таа благодарение на улогата на Саманта Џонс, до сега има заработено вкупно 75 милиони долари и има освоено бројни награди.
„Без оглед на браковите што ги оставив зад себе, всушност, целиот живот сум сама. Мојот живот е прекрасен, но истовремено и осамен. Кога снимам филм, понекогаш сум на сет и по 19 часа. Тогаш сум повеќе упатена во животот на моите соработници, отколку во животот на мојот маж. Тоа е всушност цената на мојата работа. Ме нема дома и по цели денови и секогаш се случува да пропуштам некој важен настан. Тоа е главната причина зошто моите врски и бракови се распаѓаат“, раскажува Ким Катрал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа