Наскоро ќе биде објавен нов постхумен албум на Мајкл Џексон

 

Во рамките на дискографската куќа Епик Рекордс во мај ќе биде објавен новиот, постхумен, албум на Мајкл Џексон.

Албумот ќе го носи името „Xscape“. На него има осум песни, избрани од познатиот продуцент Ел Еј Рид, кој инаку е и претседател на Епик Рекордс и кој ги преслушал сите демо снимки кои кралот на попот ги направил во текот на четири децениската кариера.

- Мајкл зад себе остави неколку музички изведби, кои со голема гордост ги претставуваме со посредство на продуцентите, со кои директно работел или сакал да работи, рече Рид, јави Би-Би-Си.

Де Лукс изданието ќе соодржи, исто така и оригинални верзии на сите осум ремиксирани песни, а ќе може да се нарачат веќе од денеска. 

01.04.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега