Скопски дилер падна во рацете на полицијата
Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до надлежното Основно Јавно обвинителство го предаде 35-годишниот Е.К. поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Пријавениот месецов од засега непознато лице купил околу 800 грама марихуана, која ја препакувал за улична продажба и ја чувал во својот дом. По добиеното сознание дека скопјанецот е дилер на дрога, полицијата изврши претрес во неговиот дом каде била пронајдена марихуаната.
Инаку, Е.К. е регистриран сторител на имотни деликти, деликти проследени со насилство, како и на кривични дела од областа на недозволена трговија за дрога, за што му се поднесени 12 кривични пријави, за вкупно извршени 51 кривично дело. За кривичните дела за кои се товари, во периодот од 1995/2008 година, му се изречени и шест мерки засилен надзор од социјален орган и 13 казни затвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа