Компанија од Израел заинтересирана да инвестира во Македонија

 

Израелската компанија „Бен Дор“ која развива нови сорти на овошје, е заинтересирана да инвестира во Македонија. Претставници на компанијата денеска се сретнаа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

Во првата фаза компанијата која оцени дека Македонија има добра местоположба, а и дека климатските услови се повеќе од поволни,  би започнала со поставување логистички центри и би се испитале можностите и пазарот со цел да се утврди најдобриот модел и потенцијалните пазари, по што би продолжиле и со сопствено производство на единствени сорти на овошје (сливи, круши, кајсии, јаболка и праски). Се очекува во оваа фаза компанијата да понуди 10.000 тони годишно од овие производи на пазарот.

На состанокот министерот Димовски истакнал дека Министерството за земјоделство веќе има воспоставено добра соработка со израелското Министерство за земјоделство и оти ќе помогне компанијата да ги пронајде партнерите во Македонија.

Компанијата „Бен Дор“, информира Министерството за земјоделство, во текот на неделата ќе ги посети Демир Капија, Гевгелија, Валандово и Росоман, чиешто поднебје и клима се поволни за одгледување овошје.

01.04.2014 - 14:52
Фото: 
доктори.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега