Невработеноста руши рекорди во Грција

Бројот на невработеноста во Грција  оваа година изнесувала 27,5 проценти, што претставува највисока стапка во рамки на Унијата, покажуваат најновите податоци на Европската канцеларија за статистика (Евростат). 

 Покрај Грција висока стапка на невработеност од 25,6 отсто има и Шпанија, а трета на оваа листа е Хрватска со 17,6 отсто невработени.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, најмалку невработени има во Австрија (4,8 проценти), Германија (6,1) и Луксембург (6,1).

На ниво на ЕУ, стапката на невработеност изнесува 10,6 отсто, што е за 0,1 процентни поени помалку од претходниот месец. На ниво на еврозоната, пак, во февруари 2014 имало 11,9 отсто невработени, што е исто така за еден индексен поен помалку од јануари годинава.

Она што го загрижува официјален Брисел е бројката од 5,9 милиони невработени млади лица во рамки на Европската унија, од кои дури 3,4 милиони се без работа во земјите што го корисат еврото како официјална валута.

01.04.2014 - 16:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега