ВИДЕО: Јоце Панов сними видео запис за песната „Зовем те мила“

Песната својата официјална промоција ја доживеа во саботата во ноќниот клуб „Милениум“. Гостите премиерно ја слушнаа новата песна, а сега можат да го видат и видео записот кој се сними под режисерската палка на Дарио Јанковиќ. Јоце по пуштањето во етер на оваа песна, заминува во Загреб за да ги доврши новите материјали на кои работи со Миро Буљан.
 
- „Не беше планирано да се сними видео запис за оваа песна, но мојот менаџер инсистираше да направиме барем некакво видео со кое ќе ја пуштиме во етер. Приказна за обично видео прерасна во еден прекрасен спот што мене искрено многу ми се допаѓа. Вложивме многу љубов и труд во песната, сето тоа може да се види и во видео записот. Искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати добро и оваа песна“, вели Јоце Панов.

најчитано сега