Крива Паланка: Им ги собрал парите лажејќи ги дека ќе им најде работа во странство
Кривопаланчанец си заработи кривична пријава за измама. Се работи за 39-годишниот В.Е. од Карамантово кој во период од две години довел во заблуда седум лица дека ќе им обезбеди документи за работа во Шведска.
Од сите лица со писмен договор земал по 200 евра, велејќи им дека сами треба да си го платат превозот и со себе да носат по 1.200 евра, коиќе ги добијат кога ќепристигнат.
Откако сфатиле дека се измамени, лицата го пријавиле случајот во полиција.
02.04.2014 - 12:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа