ВНИМАВАЈТЕ: Фалификат пари кружат низ Македонија
Фалсификувани пари кружат во Македонија. Откриени се два случаи во кои скопјанец и струмичанец сакале да си пазаруваат и да си ги подмират сметките со фалсификувани пари.
Во првиот случај СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19-годишниот М.Б. кој на улицата „Тодор Паница“ во сендвичара, пуштил во промет фалсификувана банкнота од 50 евра, но откако вработената се посомневала истата му ја вратила. Во моментот бил забележан од полициски службеници и лишен од слобода.
Во вториот случај се работи за 34-годишниот С.М. од селото асилево, струмичко, кој во интернет кафе му вратил пари на сограѓанинот П.Н со фалсификувана банкнота од 100 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа