Кочанчанец лажел дека е адвокат - заработил 100.000 денари

 

Кочанчанец лажел дека е адвокат и заработувал огромна сума на пари.

Според податоците од полицијата, се работи за 62-годишниот Б.А. кој во текот на 2012 и 2013 година со цел да се стекне со противправна имотна корист, довел во заблуда лице од селото Калуѓерица, инаку сопственик на бензинската пумпа, претставувајќи му се дека е адвокат, по што му наплатил 98.000 денари за адвокатско застапување, за кое немале никаков договор.

02.04.2014 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега