Украле возило па ограбиле старец - полски државјани дошле во Македонија за да крадат
Полските државјани С.Ј. и Ф.Д.Б. си заработија кривична бидејќи краделе што им дојде при рака.
Пред неколку денови полските државјани бесправно одзеле патничко моторно возило „Опел кадет“ кое го забележале паркирано и необезбедено при што со истото се упатиле кон Охрид. Потоа, истите се упатиле кај манастирскиот комплекс во Калишта, и од повозрасен жител на Струга одзеле кожна јакна со 800 денари, еден мобилен телефон марка „Самсунг“ и лични документи.
По извршен претрес во апартманот во Охрид каде двајцата полски државјани биле привремено сместени, пронајдени се поголема количина на разни клешти, штрафцигери, алат за сечење стакло, „француски“ клучеви и друг подесен алат.
На двајцата одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа