Драма во Тетово: Си го претепал синот, го полил станот со бензин и се заканувал дека ќе го запали

 

Вистинска драма се одвивала синоќа во Тетово. Дваесетгодишен тетовчанец пријавил во полициска станица дека неговиот татко дошол дома и приредил вистински хорор за семејството.

20-годишниот син А.М. пријавил во полиција дека неговиот 43-годишен татко дошол дома, започнал расправија и а потоа и физички го нападнал, нанесувајќи му повреди. По кратко време се замешала и мајката, по што бесниот татко излегол од дома, а потоа се вратил и приредил уште поголема драма за семејството. Имено, како што јавува Вест, тетовчанецот дома се вратил со шише бензин, го испрскал станот со него и се заканувал дека ќе го запали. 

За среќа, додека таткото излегол за да земе бензин,  синот успеал да го пријави случајот во полиција, по што таа за среќа навреме интервенирала и спречила да дојде до голема трагедија.

02.04.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега