Извозот на ТИРЗ со фантастичен раст од 95 отсто

 

Четврт милијарда евра изнесува извозот само од технолошко индустриските развојни зони во првиот квартал од 2014 година. Според податоците на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони,извозот од ТИРЗ бележи раст за фантастични 95 отсто во споредба со минатата година кога извозот од ТИРЗ изнесувал 126 милиони евра. 

Исклучиво високиот раст на извозот од ТИРЗ е резултат на влегувањето на Џонсон Мети во втората фаза на производство, на почетокот на производството на Ван Хол, зголемувањето на производството на Кемет Електроникс, како и отпочнувањето на активно производство на Џонсон Контролс во Штип. Виктор Мизо, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ вели дека во моментов се одвиваат преговори за неколку инвестиции. Се работи за компании од САД, Германија и Италија кои сакаат да инвестираат на места во Македонија каде досега нема странски инвестиции.

Инаку, во зоните работат 2.700 луѓе, а вкупните  инвестиции се проценуваат на 240 милиони евра.

02.04.2014 - 15:17
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега