Уапсен висок функционер на владејачката партија во Хрватска поради корупција

Висок функционер од владејачката Социјалдемократска партија (СДП) денеска беше уапсен од хрватската полиција под обвинение за корупција. 

Сисачко-Мославачкиот жупан, Марина Ловриќ Мерзел утрово е приведена од полицијата, а од нејзиниот стан биле одземени неколку регистри со документи.

Зоран Милановиќ, хрватскиот премиер и лидер на СДП, изјави дека засега не може да го коментира случајот.

- Додека не биде поднесено официјално обвинение и не дознаам одредени детали, ние не знаеме доволно за да коментираме, додаде Милановиќ.

Медиумите објавија дека против Мерзел била водена истрага за злоупотреба на јавни фондови. Претходно таа ги отфрли сите обвинувања како „монструозни лаги“, а нејзиниот адвокат истакна дека се уште не зборувал со својот клиент и не знае за што точно е обвинета.

Министерот за внатрешни работи Ранко Остоиќ нагласи дека апсењето на Мерзел нема да и наштети на Социјалдемократската партија.

02.04.2014 - 18:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега