Ќе се намалат цените на авиобилетите во Македонија?

 

Отворањето на косовското небо за цивилни летови треба да овозможи повеќе прелети за Македонија, зголемени приходи од над два милиони евра, како и пониски цени на авиобилетите. Како што  јавува МИА, според проценките на Агенцијата за цивилно воздухопловство, воздушниот простор кој е затворен за прелети на цивилни авиони од 1999 година по бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, со отварањето по цели 15 години ќе придонесе за зголемување на прелетите за најмалку 20 отсто, односно до 50 отсто во екот на сезоната. За толкав процент треба да се зголемат и  приходите.

Годишно во просек контролата на летање на Македонија опслужува 130.000 прелети на македонскиот воздушен простор. Проценките се дека со отворањето на косовското небо ќе има дополнителни 26.000 прелети.

Од АЦВ најавуваат дека зголемениот буџет ќе се искористи за инвестиции во воздухопловниот сектор, како и за намалување на цените на услугите.

03.04.2014 - 09:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега