Малолетници завршија на Ургентен - насилници ги прободеле со нож

 

Две малолетни момчиња синоќа биле ранети со нож во скопската населба Железара. Се работи за двајца малолетници на возраст  од 16 години кои синоќа во 21 часот и 50 минути биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, откако претходно група насилници ги нападнале во Железара.

Едното од момчињата, 16-годишниот Ј.П. има расекотина на десната надколеница, додека другиот, 16-годишниот Е.И. бил прободен со нож вопределот на стомакот, пренесе Курир.

Полицијата работи на случајот.

03.04.2014 - 10:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега