Претепани полицајци во Струмица - ги нападнало цело маало
Струмичанец од селото Старо Балдовци си заработи кривична пријава бидејќи нападнал полициски службеници.
Според податоците од полицијата, се работи за 56-годишниот Ф.С. кој преддва дена на регионалниот пат с.Дабиле-с.Петралинци од страна на полициски службеници билзабележан како управува патничко возило без регистерски таблички, натоварено со огревни дрва. При обид да биде запрен, истиот се дал во бегство.
Полициските службеници го следеле струмичанецот кој во еден момент од возилото фрлал дрва, со што им го попречувал движењето. Кога пристигнал во с.Старо Балдовци се собрала поголема група граѓани со цел да ги спречат службените лица, по што пријавениот ги навредувал полициските службеници и со вратата од возилото телесно повредил полициски службеник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа