Тројца навивачи на Ургентен по тепачката на натпреварот МЗТ-Работнички - приведени 12 лица
Тежок инцидент се случи синоќа на „вечното дерби" МЗТ-Работнички, кога поголема група навивачи на Работнички предкрајот на натпреварот започнале меѓусебна тепачка.
При интервенција на полицијата повреден е полициски службеник, кој се здобил со телесна повреда и му е укажана лекарска помош во Градска општа болница, а тројца навивачи се пренесени во Ургентен центар Скопје за укажување лекарска помош.
Полицијата превзела мерки кратко по инцидентот и привела 12 лица на кои им се издадени платни налози за сторен прекршок од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спротски натрпевари, а исто така и на тројцата повредени навивачи ќе им бидат издадени платни налози.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа