Програма за практиканти во ОКТА - можност за нови вработувања

 

Студенти од осум факултети ќе бидат дел од програмата за практиканти на ОКТА чија цел е да им се понуди искуство со кое ќе станат целосно подготвени за почнување професионална кариера.

- ОКТА е голема компанија активна во многу деловни полиња. Во состојба сме на нашите практиканти да им понудиме единствено знаење и искуство кои ќе им користи при почнувањето сопствена кариера. Оваа пракса ќе придонесе за нивниот развој и градењето самодоверба. Во исто време, програмата ќе и овозможи на ОКТА да се сретне со  мноштво свежи и иновативни идеи од младите луѓе и ќе ни даде можност полесно да ги идентификуваме кандидатите кои би и се придружиле на нашата компанија на неодреден период, изјави генералниот менаџер на компанијата Виктор Папаконстантину.

 ОКТА ќе им исплаќа награда, а ќе им обезбеди превоз и храна за времетраењето на праксата на практикантите.

- Свесни сме за моментната економска ситуација во државата и општо во регионот, како и за фактот дека повеќе од половина млади луѓе се уште се невработени. Поради тоа, сакаме да им помогнеме на квалитетните кандидати да бидат поконкурентни на пазарот на труд со искуство стекнато во компанија како што е ОКТА бидејќи само мотивирани млади луѓе можат да донесат нови перспективи и креативни решенија, рече Радојка Хелман Денковска, менаџер во секторот за општествена одговорност и комуникации во ОКТА.

03.04.2014 - 13:20
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега