Скопјанец загина во страшна несреќа - полицијата го бара возачoт-убиец

 

Скопјанец загина во сообраќајна несреќа која синоќа се случила во населбата Илинден.

Според информациите од скопската полиција, несреќата се случила вчера вечерта во 23 часот, на улицата 9, кога автомобил со непознати регистарски таблички, управуван од засега непознато лице, удрил во 61 годишен скопјанец. Откако го прегазил скопјанецот, возачот избегал од местото на  несреќата.

Во изминатите 24 часа, на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди.

Пет се со последица материјална штета, а три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници.

Сообраќајната полиција вчера казнила 15 пешаци. Тие се повикани на сообраќајна поука која ќе се одржи во понеделник, на 7 април.

Санкционирани биле и тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците и тројца возачи беа исклучени од сообраќај бидејќи ги управувале возилата под влијание на алкохол.

Вчера беше реализирана сообраќајна поука на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по различни основи во својство на пешаци.

04.04.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега