Министерството за финансии издало сертификати на 10 илјади сметководители

 

 

Министерството за финансии досега издало 10.005 сертификати за сметководители. Од нив, како што соопшти, 2.833 се трајни уверенија, а привремени уверенија, со важност од 30 месеци до 4 години, се 7.172.

Заинтересираните за привремено и трајно уверение за сметководител или овластен сметководител, потсетуваат од Министерството, треба да поднесат барање до 13. мај, кога е крајниот рок за аплицирање.

Привремено уверение за сметководител може да добие лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години, или високо образование и 1 година работно искуство. Надоместокот за издавање на привремено уверение за сметководител ќе изнесува 300 денари.

Привремено уверение за овластен сметководител, ќе се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, или вишо образование и работно искуство од 8 години, или високо образование и 3 година работно искуство. Надоместокот за издаванје на привремено уверение за овластен сметководител  ке изнесува 500 денари.

Трајно уверение за сметководител или овластен сметководител, ке се издава на лица кои имаат 25 години работно искуство во сметководствени работи. Надоместокот за издаванје на трајно уверение за сметководител или овластен сметководител  ке изнесува 1000 денари.

Повеке информации за аплициранјето за лиценца заинтересираните мозат да добијат на веб страната на Министерството за финансии.

05.04.2014 - 15:21
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега