Таа го одби она кое не се одбива – принцот Хари ќе мора да почека за венчавка
29- годишниот принц Хари веќе две години се забавува со Кресида Бонас (25), но изгледа дека венчавката се уште не е на повидок. Иако во последно време се шпекулира дека Хари тоа го посакува, неговата избраничка веројатно смета дека е премногу млада за ваков чекор.
Кресида ги известила своите пријатели дека во следните 12 месеци не планира да стане дел од кралското семејство.
Хари и Кресида се во врска веќе две години, но пријателите велат дека нивната романса во последните неколку недели станала многу посериозна. Меѓутоа, тоа сепак не значи дека Кресида сака да влезе во венчаница – таа има други работи во план.
- Кресида е многу зафатена и има многу работи на ум. Бракот не е нешто што го разгледува сега. Штотуку добила работа и пронашла стан кој би можела да го изнајми со нејзината пријателка Дејзи. Го прави сето она што луѓето на нејзина возраст и би требало да го прават – рекол близок извор за британскиот „Дејли меил“.
Принцот Хари и дал до знаење на својата девојка дека е лудо вљубен во неа, и дека би сакал да ја ожени, но сепак Кресида е одлучна за својот став дека се уште е млада за венчавка.
Моментално младата аристократка е преокупирана со планирање на авантури за ова лето. Нејзина желба е да оди на летување на Карибите, но и да посети повеќе летни фестивали каде ќе може добро да се забавува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа