Маркер во мозокот ги разделува позитивните и негативните мисли
Според последните истражувања способноста на лицето да биде позитивно или негативно е блиско поврзана со мозокот.
Како што објави порталот Кликс, водечкиот истражувач и асистент професор по психологија Џејсон Мозер, вели дека за првпат е пронајден маркер во мозокот кој јасно ги разделува негативните мисли од позитивните, пишува портал Кликс.
Во истражувањето учестувале 71 жени кои два пати повеќе заболуваат од анксиозност, а на секоја и се покажани фотографии и графички прикази, а од нив потоа се бараше сите да гледаат во позитивен контекст додека им се снима активноста на мозокот.
Учесничките се испитувани пред истражувањата за да се утврди која од нив тежнее кон позитивни, а која кон негативни мисли.
Истражувањето, исто така, покажа дека мозокот на учесничките со позитивните мисли бил помалку активен од учесничките кои во текот на експериментот биле загрижени.
- Тоа ни кажува дека навистина им е тешко да ги стават во позитивен контекст тие ситуации, што доведе до зајакнување на негативните емоции, рече Мозер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа