ММФ со повисоки прогнози за македонската економија

 

Меѓународниот монетарен фонд предвидува зајакнување на македонската економија годинава. СПоред најновиот извештај ММФ ја зголеми проекцијата за раст од 3 на 3,2 отсто.

За следната година ММФ очекува раст на македонската економија од 3,4 проценти, а до 2019-та до 4 отсто.

Од земјите во регионот, најголем раст од 3,9 проценти ќе има Косово, а по Македонија се Црна Гора со 2,8 отсто, Албанија 2,1 проценти, Босна и Херцеговина 2 и Србија со еден процент.

Растот на европската економија се очекува да биде 1,7 проценти.

09.04.2014 - 12:32
Фото: 
вести.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега