Германски гигант заинтересиран за инвестирање во Охрид
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо и надлежните од Секторот за туризам и локален економски развој при локалната самоуправа остварија работна средба со германски стопанственици, претставници на фирми од автомобилската индустрија, заинтересирани за инвестирање во Охрид.
Разговарано било и за можноста германските инвеститори заради обезбедување квалификувана работна сила да остварат соработка со Електро-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид, а најавиле и дека наскоро ќе ја обелоденат одлуката за локацијата каде што ќе го започнат своето производство.
Денешната средба оди во прилог на неодамнешната најава на претседателот на Владата Никола Груевски, дека германска автомобилска компанија е заинтересирана за отворање погон за производство во охридско-струшкиот регион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа