Помош за младите кои почнуваат кариера - прв бизнис акецелератор во Македонија

 

Помош на младите на почетокот на нивната професионална кариера преку високоспецијализирани програми ќе нуди првиот бизнис акцелератор во Македонија.

Се работи за македонско-американска компанија со канцеларии во Скопје и во Лос Анџелес, којашто ќе работи на развој на иновативни проекти од информатичко-комуникациските технологии и креативните индустрии, во тесна соработка со академскиот сектор и со Владата, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација.

Компанијата ќе работи на интеграција на студентите, бизнисите,  академијата и инвеститорите, кои на младите луѓе ќе им помогнат и ќе им овозможат да оформат сопствени компании. Ќе бидат ангажирани домашни и странски ментори и тренери со големо професинално искуство.

 

10.04.2014 - 10:29
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега