Вуди Ален обвинет за расизам
Откако беше обвинет за сексуално злоупотребување на својата ќерка, познатиот режисер Вуди Ален сега е обвинет за расизам од страна на еден американски весник.
Се покажало дека во мјузиклот “куршум над Бродвеј”, театарска адаптација на истоимениот филм од 1994 година, нема ниту еден црн актер.
Познатиот режисер тврди дека избирал актери, не расни знаци. Но весникот “Њујорк дејли њуз” тврди дека ексцентричниот режисер сам побарал да не му носат афроамериканци за пробни фотографии. Весникот се повикува на свои извори. Според новинарите оваа апликација изгледа чудно со оглед на фактот дека во 20-те години на минатиот век во прославениот харлемски ноќен клуб Cotton Club, за кој се раскажува во мјузиклот повеќето посетители биле црнци.
Весникот потсетува дека Вуди Ален веќе бил остро критикуван дека во неговите филмови нема хомосексуалци и тој е во спротивност со проблемот со истополовата љубов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа