ВИДЕО: 80-годишна бабичка го маѓепса светот

 

80-годишната Педи Џонс е една супербабичка, која буквално ги водушеви сите со своето танцување во шоуто „Britain’s Got Talent“.

Таа настапи со својот помлад партнер Нико. Уште на почетокот на нивната салса Сајмон беше премногу строг и веднаш гласаше против нив.

Но, она што следеше ги шокираше сите. Кореографијата стана неверојатно возбудлива и толку динамична, што би била проблем и за помлади танчери, а не пак за бабичка од  80 години.

Педи покажа што може и што умее. Сите со воодушевување ги следеа нивните движења. А жирито кое беше на почетокот скептично остана без зборови.

На крајот сите го наградија со бурен аплауз настапот на Педи и Нико, а двајцата натпреварувачи беа директно испратени во полуфиналето на шоуто за таленти.

14.04.2014 - 09:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега