Грчка компанија ќе инвестира шест милиони евра во Македонија
Грчката компанија „Харма Фрут“ ќе инвестира шест милиони евра во Македонија и до крајот на годинава најавува изградба на центар за откуп и пакување земјоделски производи и ладилник во Гевгелија, во што ќе вложи три милиони евра.
- „Агритера“ е изненадена од конкурентната бизнис клима што Македонија ја нуди на инвеститорите и овозможува извоз на висококвалитени земјоделски производи во Европа и пошироко, изјави министерот Наумоф кој денеска се сретна со грчкиот инвеститор.
Сопственикот на „Агритера“ Кристос Келесидис вели дека идеалната местоположба, поволните климатски услови и квалитетот на земјоделските производи биле пресудни да донесат одлука за инвестирање во Македонија.
- Сакам да се заблагодарам за гостопримството и условите за работа што ни ги овозможија. Имаме големо искуство во овој бизнис и сакаме да го смениме начинот на работа во вашата земја во земјоделството и во производството. Тука сакаме да направиме голема фабрика со која ќе бидеме конкурентни на европскиот пазар, изјави Келесидис.
Инаку, „Харма фрут“ е една од најголемите грчки компании за откуп на земјоделски производи со 20 годишно искуство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа