Регистриран првиот случај на МЕРС во Грција

Грчките власти се во состојба на зголемена готовност по откривањето на првиот лабораторски потврден случај на инфекција од Блискоисточен респираторен синдром (МЕРС) во Грција.

Заболеното лице е Грк, кој неодамна се вратил од Саудиска Арабија. Тој е хоспитализиран, а неговата состојба е оценета како критична. 

Заболениот грчки граѓанин е десеттиот случај на заразен од МЕРС во Европа. 

22.04.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега