Канадска компанија инвестира во Битола - се отвараат 50 работни места

 

Канадската компанија „Космик дивилоупмент“ ќе ги прошири своите бизнис проекти во Македонија со отворање втора канцеларија и 50 нови работни места. Новата канцеларија се отвора за само три години, а ќе биде лоцирана во Битола. 

- Оваа нова инвестиција ќе помогне да ги задржиме нашите млади професионалци во Македонија, посебно во Битола и во регионот, наведува „Космик дивилоупмент“.

„Космик дивилоупмент“ е меѓународна ИТ консалтинг и бизнис процес аутсорсинг компанија со седиште во Скопје. Се фокусира на ИТ консалтинг, развој на софтвери и аутсорсинг услуги. Веќе е глобално развиена со канцеларии во Торонто, Канада, и Белград, Србија. Вклучува околу 80 вработени и брзо се развива. Обезбедува високо ниво на стручност и трансфер на знаење. Затоа, како што наведува, ќе бидат вработени најдобрите студенти на кои ќе им се обезбедат атрактивни плати со многу уникатни бенефиции.

„Космик дивилоупмент“ најавува соработка и со Техничкиот факултет во Битола со цел одржување специјални обуки според најновите програми за усовршување практиканти кои ќе  овозможат нови вработувања.

23.04.2014 - 10:33
Фото: 
ск.ком.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега