Одбиени 37 прифатена 1 тужба на СДСМ - Управен работи турбо
Управниот суд работи турбо за да го фати рокот до 21 часот до кога треба да ги разгледа сите тужби поднесени од СДСМ за текот на гласањето во вториот круг од локалните избори. Според инофрмациите објавени на официјалниот веб сајт на Управниот суд, до сега од 64 поднесени тужби од страна на опозицискиот Сојуз за идинанта, Управниот суд прифатил само една а одбил 37 тужби. Прифатена е тужбата за избирачкиот процес во скопската општина Ѓорче Петров.
Вчера Управниот суд прифати 32 тужби поднесени од владејчката коалиција За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и одби само две. Со прифаќањето на тужбите на ВМРО-ДПМНЕ Управниот суд овозможи прегласување во речи си половина општина Ценатр и во општина Струга