Скопската полиција "ловеше" лоши момци - три лица зад решетки

 

Скопската полиција приведе три лица кои се барале подолго време за издржување казна затвор. Во првиот случај се работи за 21-годишниот Африм Б. кој  се барал за издржување затворска казна во траење од пет години, за сторено кривично дело “разбојништво”. Истиот е спроведен во Затвор- Идризово.

Во вториот случај, СВР Скопје го лиши од слобода 26-годишниот Себастијан А. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година, за сторено кривично дело “тешка кражба”. Истиот е спроведен во Затвор- Идризово.

Постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода и 53-годишниот Зоран Ј. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од деведесет и осум дена, за сторено кривично дело “производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти”. Истиот е спроведен во Затвор- Идризово.

24.04.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега