Кривична за директорот на Пошта во Битола

 

Секторот за внатрешни работи –Битола на ден 22.04.2014год.поднесе кривична пријава против Е.А (44) од Битола вработен како директор во Македонска Пошта Скопје-Подружница Битола заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело "злоупотреба на службената положба и овластување".
Пријавениот на 08.02.2014 год.во својство на службено лице ја искористил својата положба и ги пречекорил границите на своите овластувања, на начин што со службеното патничко моторно возило без патен налог за службено патување во странство, тој заедно со својата сопруга направил излез на граничниот премин Меџитлија и отпатувал за Р.Грција .
Со самото дело пријавениот се стекнал со имотна корист од околу 6000 денари.

24.04.2014 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега