Крвава среда во Куманово: Застрелал старец со пушка
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишниот Р.М. за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Во три наврати пријавениот на кој му бил одземен стан и доделен на други лица истиот со воздушни пиштоли, што ги поседувал со потврда испукал неколку дијаболи кон станот доведувајќи ги во опасност сопствениците на кои им бил доделен станот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава и против 25-годишниот М.С. од селото Горно Коњаре, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавениот од воздушна пушка, што ја поседувал без потврда испукал една дијабола, по што го погодил 73-годишниот М.З. нанесувајќи му телесна повреда во пределот на подколеното.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа