Страотна сообраќајка во Тетово: Петгодишно детенце заврши во болница

 

Петгодишно дете од Требош и 27-годишна тетовка биле повредени од автомобили во две одвоени несреќи што се случиле вчера во Тетовско.

Несреќата во која било повредено петгодишното дете се случила околу 17 часот во тетовското село Требош кога патничко возило „Опел астра“, што го управувал  53-годишниот З.Х. од ова село удрило во детето кое веднаш било пренесено и задржано за опсервација во Тетовската клиничка болница, пренесе МИА.

Другата сообраќајка се случила исто така вчера, околу 12 часот и 30 минути на крстосницата на улиците „Борис Кидриќ“ и „Илинденска“ во Тетово. Патничко возило „Голф“ со тетовски таблици управувано од тетовецот Н.И.(31)  налетало и удрило во 27-годишната М.Ц.
                       
                         
Полицијата извршила увид на местата на двете сообраќајки и работи на  утврдување на  причините. 

24.04.2014 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега