Хорор во Штип: Девојка брутално силувана на студентска забава
Дваесет годишна студентка на медицина била брутално силувана во Штип, објави телевизијата „Стар“. Рано утринава таа е донесена во Клиничката болница, каде е задржана на понатамошно лекување.
Извори за телевизија Стар појаснуват, дека девојката е во шок и одбива секаква комуникација, дури и со најблиските.
Силуваната девојка утринава ја прегледале лекари – специјалисти по различни области и констатирале дека таа била жртва на силување, а дезориентираноста , упатувала на сомнеж и за можно нејзино дрогирање.
Засега е непознато каде и кога бруталниот чин се случил. Според информации до кои дојде ТВ Стар, девојката синоќа била на студентска забава. Таму се забавувала со свои блиски пријатели и колеги од факултет, а освен сок, се пиело и алкохол. По ова, девојката, заминала во друштво на неколкумина, но каде завршила, се’ уште, не знае никој.
Ова го остава отворено и прашањето дали таа била жртва на еден или повеќе насилници. Засега полицијата потврдиле само дека имаат дојава за хопситализирана девојка, но другите детали засега остануваат непознати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа