Денес Рубикова коцка слави 40 години

 

Денес се одбележуваат 40 години од нејзиното постоење на легендарната Рубикова коцка е механичка загатка изумена во 1974-та година од страна на унгарскиот скулптор и професор по архитектура Ерно Рубик.

 

Оригинално наречена „магична коцка“ од нејзиниот пронаоѓач, оваа загатка е преименувана како „рубикова коцка“ од компанијата „Ideal Toys“ во 1980. Исто така, ја освои награда за како германска игра на годината (Spiel des Jahres), во специјалната категорија за загатки.

Таа е светски најпродаваната играчка, со над 300.000.000 рубикови коцки и нејзини имитации продадени низ целиот свет.

Во типична коцка, секоја страна е покриена со девет налепници во шест бои. Кога загатката е решена, лицето на секоја страна од коцката е во една боја. Коцката го прослави својот 24-ти јубилеј во 2005, со издавање на посебна верзија на коцката, со налепница во центарот на белата страна со логото „Рубикова коцка 1980-2005“.

 

Загатката доаѓа во четири можни верзии: 2×2×2 (џебна коцка, наречена и мини коцка, јуниорска коцка или коцка мраз), 3×3×3 стандардната коцка, 4×4×4 (Одмаздата на Рубик), и 5×5×5 (Професорската коцка). Постојат и поголеми коцки, 6x6x6 и 7x7x7 се исто така пристапни.

25.04.2014 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега