Четворица скопјани завршија во затвор - еве што направиле
Полицијата синоќа ловеше лоши момци. СВР Скопје го лиши од слобода 40-годишниот Александар С. од Скопје, кој се барал за издржување затворска казна во траење од шест месеци, за сторено кривично дело “тешка кражба”. Истиот е спроведен во Затвор- Скопје.
Исто така, постапувајќи по судска наредба, СВР Скопје го лиши од слобода 40-годишниот Декран Ќ. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од пет месеци, за сторено кривично дело “прикривање”, и 29-годишниот Елвин Ќ. од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и три месеци, за сторено кривично дело “фалсификување исправа”.
СВР Скопје го лиши од слобода лицето Филип С.(62), од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години, за сторено кривично дело “затајување”. Истиот е спроведен во ПС Карпош за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа