"Гласај за оваа партија ако ти е мил животот" - охриѓанец му се заканувал на сограѓанин

 

Охриѓанец си заработи кривична бидејќи присилувал сограѓанин на изборите да гласа за одредена политичка партија. Се работи за 39-годишниот Н.У.  кој упатил сериозни вербални закани кон жител на Охрид присилувајќи го него како и лицата блиски до него како да го остварат своето избирачко право во интерес на една политичка партија.

Според податоците од полицијата, пријавениот со цел да придобие гласови, заканувајќи се на висок тон, барал нивното избирачкото право на 27 месецов да биде во интерес на една политичката партија и со сериозна закана извршил притисок како треба да се изврши и оствари избирачкото право и кое редно бројче треба да се заокружи на гласачкото ливче.

Н.У. е лице познат на службата против кого и досега, по повеќе основи биле поднесувани кривични пријави.

25.04.2014 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега