Што научивме за сексот од серијата “Сексот и градот”?
Иако „Сексот и градот“ е само серија, нејзиното влијание на женските погледи на сексот и животот беше огромно. А што сè направи оваа серија кај жените, прочитајте во следната листа.
Сексот со некој кој многу ви се допаѓа не мора да биде добар - Како што може да видеме од врската на Кери со Бургер, силната хемија не е гаранција за добар секс.
Може да имате одличен секс со некој кој е потполно погрешен за вас - Животот е суров, но така е.
Немојте да имате секс со оженетиот бивш дечко - Ако заборавиме на моралните импликации, вака барем ќе ја избегнете ситуацијата неговата жена да ве начека дома и да ви го скрши забот.
Постојат луѓе кои имаат болни фетиши, а во останатите сфери од животот се сосема нормални - Се сеќавате ли на успешниот и згоден политичар кој за Кери беше премија сè додека не ѝ кажа дека сака таа да уринира врз него за време на секс?
Сексот без обврски може добро да влијае на самодовербата - Додека многу мислат дека сексот без обврски е резервиран за жени со недостаток на самодоверба, оваа серија апсолутно ја побива оваа теорија. Па дури и конзервативната Шарлот се оддаде на магијата на сексот без обврски.
Можноста да имате секс со човек кој е во „вашата лига“ не постои, а размислувањето за тоа ќе ве уништи - Се сеќавате ли кога Миранда го запозна згодниот полицаец, па се чувствуваше многу несигурно бидејќи сметаше дека не е доволно добра за него? Оваа епизода најдобро покажува дека сè е во главата - ако сметате дека не сте доволно добри за него, нема што, ќе уништите сè.
Сексот пред брак е задолжителен - Мора да ја извозите колата пред да ја купите. Се сеќавате ли како помина Шарлот?
Не сте поразлични ако не паѓате на романтични гестови - Можеби ве гризе совеста што некогаш не се препуштате на неговите романтични подароци. Барем „Сексот и градот“ ви покажа дека не сте осамени.
Тестирајте се за полово преносливи болести до 40-та година - Не дозволувајте да ви се случи сцената од серијата кога Саманта не знаеше ни да наброи со колку типови спиела, а првпат беше на тестирање.
Жените со повеќе години се поубави - Сите кажуваат дека жените полошо стареат од мажите, но имаме пример со Саманта, која со годините станува само попривлечна.
Не би требало да имате секс со некого само за да се чувствувате подобро - Едноставно кажано.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа