Дечиња од петто одделение завршија во болница - се затруле со овошен сок во училиште

Најмалку 13 ученици од Белград се сметени во болница откако денеска за време на ужинката се отруле од природен сок.

Според податоците на српскиот Курир, децата од петто одделение од основното училиште "Stevan Sremac" се сместени во болница откако за време на одморот, откако се напиле сок, почуствувале болки во стомакот и мачнина. Лекарите известуваат дека дечињата сега се во стабилна состојба, но за превенција, и вечерва ќе останат во болницата, за да не дојде до компликации.

- Даден е налог итно да се истражи причината за труењето на дечињата, и одговорните за тоа, велат лекарите, за српскиот Курир.

Според зборовите на децата, тие пиеле сок од училиштето, и по 45 минути почуствувале силни болки и гадење, по што започнале да повраќаат.

Случајот се истражува.

29.04.2014 - 15:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега